Советот на шефовите на дипломатиите на Организацијата за исламска соработка (ОИС), на својата 47-ма средба во Нијамеј, главниот град на Нигер, донесе заедничка декларација со која се бара Индија да го прекине давањето „автохтони сертификати“ на лицата кои не потекнуваат од Џаму и Кашмир, како и да ги избегнува чекорите што можат да влијаат врз демографската структура на спорниот регион, јави агенцијата Анадолија.
Во својата одлука Советот, како што се наведува, ги отфрла незаконските и еднострани активности на Индија во врска со регионот Џаму и Кашмир, што меѓународната заедница го разгледува како контроверзен регион и ги осудува кршењата на човековите права во него.
Индија, истакнаа шефовите на дипломатиите на ОИС, ги крши и игнорира меѓународното право и одлуките, а меѓународната заедница е повикана да ги преиспита своите односи со оваа земја.
Прашањето за Кашмир е исклучително важно за муслиманскиот свет, беше истакнато на средбата, како и тоа дека е потребно решение за ова горливо прашање што е неопходно за мирот во Јужна Азија.
Во декларацијата Индија се повикува да се придржува до своите меѓународни обврски за човекови права и да дозволи специјалниот претставник и истражувачката мисија на ОИС да ги посети Џаму и Кашмир.