Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека денешниот самит на ЕУ во Братислава бил неуспешен кога станува збор за мигрантската политика и најави дека лидерите од ЕУ и државите од Балканот ќе имаат средба на 24 септември.
Орбан нагласи дека неформалниот самит, прв состанок на лидерите на ЕУ без Британија, не донел промена на имиграциската политика на ЕУ за која рече дека е „автодеструктивна и наивна“.
Премиерот на Унгарија најави план за нов поттик за промени на состанокот со државите од Западен Балкан на 24 септември во Виена.