Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес

Од:

Поранешниот премиер на Унгарија – Виктор Орбан денес беше реизбран за претседател на партијата Фидес на 32-от конгрес одржан во Будимпешта.

Орбан, кој беше единствен кандидат, ја доби довербата на делегатите со тајно гласање и беше избран за едногодишен мандат со 729 гласови од 737 важечки, јавува агенцијата МТИ.

Делегатите го усвоија извештајот на националниот клуб и речиси едногласно го прифатија документот во кој се анализираат причините за изборниот пораз на партијата.

Усвоена е и политичка резолуција со која се отфрла пактот на ЕУ за миграција и се протестира против, како што е наведено, „насилното отстранување на демократски избрани функционери“.

Со промените во статутот се реорганизираше структурата на партијата Фидес, која во иднина ќе биде усогласена со системот на локална самоуправа, а националниот комитет на партијата беше проширен на 28 члена.

Би можело да ве интересира

Орбан по приведувањето на брат му: Ова е политички лов на вештерки – јас сум целта, тој е само пион

А1он

Маѓар: Приведен e братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ го пречека Орбан во Белград: Ги изгубивме изборите, но не и достоинството и гордоста!

А1он

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

Орбан: Унгарија стана воена цел!

А1он

Обвинителите влегоа во партијата на Орбан – запленија сервери со податоци

А1он