Орбан: Претседателе Зеленски, престанете да нè малтретирате!

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да „престане да ја малтретира“ Будимпешта.

„Унгарија е членка на НАТО и ЕУ. Украина одамна ќе се распаднеше без поддршката на тие две организации. Претседателе Зеленски, со сето должно почитување, престанете да нè малтретирате!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.

Објавата на Орбан доаѓа во време на ново влошување на односите меѓу Киев и Будимпешта.

Вчера унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто напиша на Фејсбук дека „претседателот Володимир Зеленски почнува да го губи разумот со својот антиунгарски став“ откако украинскиот претседател тврдеше дека извидувачките беспилотни летала го нарушиле украинскиот воздушен простор и дека веројатно припаѓаат на Унгарија.

„Сега тој гледа чудовишта“, напиша Сијарто.

Денес, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави мапа на социјалната мрежа X која, како што тврди, ја покажува точната рута на упадот на беспилотните летала од Унгарија во украинскиот воздушен простор.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Орбан: Украинските служби регрутираа Унгарeц, дејствува во интерес на опозицијата

А1он

Силна американска поддршка за Орбан – Џ.Д. Венс патува во Унгарија пред изборите

А1он

Орбан му одговори на Зеленски: Не сум загрижен за заканите со смрт!

А1он

Орбан ја користи војната во Иран во изборната кампања – може да има корист од улогата на гарант за безбедност

А1он

Орбан ја уценува Европската унија, Украина е заложник