ОПЦВ: Сириската Влада е виновна за серијата хемиски напади кон крајот на 2017 година

Од:

Организацијата за забрана за употреба на хемиско оружје (ОПЦВ) ги обвини силите на сириската Влада за серијата хемиски напади извршени кон крајот на 2017 година, во кои се употребени сарин и хлорин.

Во објавениот извештај, тимот за истрага и идентификација, кој ОПЦВ го формираше во 2018 година, првпат е обвинет некој за нападот врз местото Латамнех во централниот дел на Сирија.

Тоа веројатно ќе доведе до нови повици на одговорност за сирискиот претседател, Башар Асад.

Генералниот директор на ОПЦВ, Фернандо Аријас истакна дека сега треба „генералниот секретар на ОН и меѓународната заедница целосно да преземат натамошна соодветна и неопходна акција“.

Сириската власт категорично ги отфрла обвинувањата дека извршила хемиски напади во текот на деветгодишната граѓанска војна во таа земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија