ОН: Штетата на инфраструктурата во Доњецк и Луганск 440 милиони долари

Од:

Материјалната штета на инфраструктурата во Доњецк и Луганск настаната од артилериски оган и бомбардирање, се проценува на 440 милиони долари, соопшти Службата на ОН за координација на хуманитарните прашања.

„Од почетокот на конфликтот оштетени се најмалку 1969 објекти, меѓу кои 659 државни згради, 1230 приватни домови и 178 канцеларии. Штетата се проценува на 440 милиони“, се наведува во документот од ОН.

Во инзвештајот уште се наведува дека престрелката која се уште трае во некои региони на Доњецк и Луганск, како и постоечките бирократски и финансиски ограничувања, го оневозможуваат укажувањето хуманитарна помош на населението, кое настрадало во конфликтот во Источна Украина.

„Секој ден има податоци за нарушување на примирјето. Артилерискиот оган во Доњецк и Луганск го попречува пристапот до населението, води до зголемување на бројот на раселени лица и создава опасност за оние цивили на кои им е неопходна помош“, соопштува Службата на ОН.

„Присуството на хуманитарни работници во земјата се зголемува, но бирократските и финансиските ограничувања, како и пречките во областа на безбедноста, не дозволуваат да се реагира во неопходниот обем“, се наведува во соопштението од Службата на ОН за координација на хуманитарните прашања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми