ОН: Пандемијата на коронавирусот ја зголеми употребата на дроги

Од:

Пандемијата на коронавирусот ја зголеми употребата на дрога и истовремено го поттикна нелегалното одгледување афион, со последици што веројатно ќе се чувствуваат „со години“, предупредија денеска Обединетите нации.

„Пазарот на наркотици продолжи брзо по нарушувањето предизвикано на почетокот на пандемијата“, се вели во годишниот извештај на Канцеларијата на ООН за дрога и криминал (УНОДЦ).
Авганистан, кој произведува повеќе од 80 проценти од светскиот опиум, забележа скок од 37 проценти во одгледувањето афион, често единствената опција за заработка на студентите или работниците кои останаа без работа поради коронавирусот.

Во извештајот се наведува дека коронавирусот ги потенцира „нееднаквостите, сиромаштијата и менталните здравствени проблеми низ целиот свет“, кои се фактори кои можат да поттикнат употреба на наркотични средства.

Минатата година околу 275 милиони луѓе ширум светот користеле некоја дрога, наспроти 269 милиони во 2018 година.

Повеќето земји пријавија зголемување на употребата на канабис за време на пандемијата, се вели во извештајот, во кој се истакнува дека младите луѓе го доживуваат како помалку опасен за здравјето „и покрај доказите дека носи ризици“.

Употребата на некои фармацевтски производи исто така се зголеми, додека престанокот на ноќниот живот ја намали употребата на кокаин.

Би можело да ве интересира

Дрога, оружје, пари и мобилни телефони најдени при претрес кај скопјанец

А1он

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ