ОН: Околу 75 отсто од жителите на Газа принудени да ги напуштат своите домови

Од:

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања објави дека околу 1,8 милиони луѓе во Појасот Газа се внатрешно раселени, од вкупно 2,2 милиони жители.

Канцеларијата додаде дека „предизвик е да се добие точниот број“ на раселените бидејќи е тешко да се следат оние кои биле принудени да побегнат и да се пресмета вкупниот број на оние кои се вратиле дома за време на привремениот прекин на огнот, јавува Би-Би-Си.

На почетокот на конфликтот, Израел им нареди на Палестинците во северниот дел на Газа да се евакуираат на југ, што го направија стотици илјади жители, додека по прекинот на огнот во петокот имаше ново предупредување до жителите на источните области околу Кан Јунис да се преселат на југ.

Би можело да ве интересира

Се подготвуваа конечната верзија на мировниот договор Израел-Хамас

Над 60 загинати во денешниот израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Израелската армија упадна во градот Хеброн и ја затвори џамијата Ибрахими

Горан Наумовски

Израел и Хамас договорија три паузи во Газа

Горан Наумовски

Галант предложи проширување на воените цели во Газа

Кирби: Преговорите за Газа не пропаднаа, во Каиро е постигнат напредок