ОН: Намалувањето на хуманитарната помош го зголеми бројот на бегалци од Сирија

Од:

Бранот бегалци во Европа е последица од намалувањето на хуманитарната помош за Сирија и нејзините соседни земји, изјави денеска Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Антонио Гутереш.

– Меѓународната помош беше скратена. Се погриживме да го зачуваваме нивото за помош на бегалците, но многу други форми на помош беа скратени. Програмата за првична помош беше намалена за 40 проценти во Сирија и во соседните држави. Тоа ги натера бегалците да мислaт дека меѓународната заедница е подготвена да ги заборави. Сметам дека тоа беше главната причина за драматичниот бран бегалци кон Европа, посочи Гутерeш.

Тој наведе дека недостигот од економска помош за Турција, Либан и Јордан довело дo влошување на условите во тие земји така што Сиријците не можеле да останат таму и да се интегрираат.

Гутереш очекува вкупно 1,4 милиони бегалци да пристигнат во Европа преку Средоземно Море до крајот на годината што е многу повеќе од првичните прогнози за 850.000 бегалци.

Би можело да ве интересира

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение