Обединетите нации соопштија дека денеска во Газа се истоварени 137 камиони со хуманитарна помош. Тоа е најголемиот хуманитарен конвој кој влезе во Појасот Газа од 7 октомври.
„За време на хуманитарната пауза која е во сила од утринава, ОН успеаја да ја зголемат испораката на хуманитарна помош до и преку Газа“, се вели во соопштението на ОН.
Во Газа денеска беа испорачани и 129.000 литри гориво и четири камиони со гас. ОН објавија и дека „21 критичен пациент е евакуиран во голема медицинска операција од северна Газа“. Не е јасно каде се евакуирани овие пациенти.
„Стотици илјади луѓе добија помош со храна, вода, медицински материјали и други основни хуманитарни средства“, се вели во соопштението.
ОН го поздравија првичното ослободување на 24 заложници од Газа и го потврдија својот повик за „итно и безусловно ослободување на сите заложници“.
„Хуманитарните тимови и партнерите на ОН ќе продолжат да ги засилуваат хуманитарните операции за да се задоволат потребите на луѓе.