ОН: Бројот на жртвите од војната во Јемен ќе достигне 377.000 до крајот на 2021 година

Од:

Во седумгодишната војна во Јемен до крајот на 2021 година ќе има 377.000 мртви, директни или индиректни жртви на конфликтот, се наведува во извештај на Обединетите нации.

Речиси 60 отсто од убиените, околу 227.000, се жртви на индиректните последици од конфликтот, како што се недостиг на вода за пиење, глад и болести, се вели во документот на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Тоа значи дека според овие проценки, до крајот на годината ќе има 150.000 загинати во директни конфликти.

Војната од 2015 година се води меѓу бунтовниците Хуси поддржани од Иран и јеменските владини сили поддржани од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија.

Седумте години војна имаа „катастрофални последици врз развојот на земјата“, соопшти УНДП, додавајќи дека Јемен има ограничен или непостоечки пристап до здравствена заштита и оти економијата е на работ на колапс.

Повеќето од индиректните жртви на војната се деца кои се особено ранливи на неисхранетост и недохранетост, соопшти организацијата на ОН.

– Во 2021 година на секои девет минути умира по едно јеменско дете на возраст под пет години поради конфликтот, се вели во извештајот.

Организацијата веќе потсети дека нивото на развој на Јемен се врати за две децении поради војната.

Според УНДП, 1,3 милиони луѓе би можеле да умрат доколку не се постигне мировен договор до 2030 година.

– Јемен е најлошата и најголема хуманитарна катастрофа во светот и таа катастрофа постојано се влошува, потсетува ОН.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида