ОН бара пристап до сирискиот град Алепо

Од:

Околу 200.000 лица избегале од борбите во Алепо и неговата околина во последните два дена, покажуваат податоците на Меѓународниот црвен крст и сириската Црвена полумесечина.

Не е познато ни колку лица се фатени во стапица во реоните каде се водат борбени дејствија.

Затоа шефицата за хуманитарни операции на ОН Валери Ејмс бара безбеден пристап на вработените во хуманитарните организации до сирискиот град Алепо.

„Инсистирам сите што учествуваат во борбите да не напаѓаат цивили и на хуманитарните организации да и обезбедат безбеден пристап до населението блокирано во борбите, за да му укажат итна помош“, вели Ејмс во изјава цитирана од француските меидуми.

 

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад