Оланд: Можна е интервенција во Сирија

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека по маскарот во Хула, не е исклучена воена интервенција во Сирија.

„Не е исклучена воена интервенција во Сирија, под услов таа да биде во согласност со меѓународното право, односно по одлука на Советот за безбедност на ОН“, изјави Оланд за француската телевизија Франс 2.

„Сепак треба да се најде решение кое не би било задолжително воено. Сега треба да се изврши притисок за да се отстрани режимот на Башар ал Асад. Мораме да најдеме друго решение“, додаде претседателот на Франција.

Оланд оцени дека Сирија би требало да воведе додатни санкции и дека за тоа ќе разговара на средбата со Владимир Путин во петок, во Париз.

„Путин и Кина најмногу се противат околу санкциите. Ние не смееме да пуштиме режимот на Башар ал Асад да го убива сопствениот народ“, рече Оланд.

Многу земји ширум светот ги протераа сириските амбасадори и високите дипломати, по масакрот во Хула, кога беа убиени 108 луѓе.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија