Европската канцеларија Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) покрена истрага против Европската агенција за погранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) поради обвинувањата за вознемирување, непримерно однесување и одбивање на мигрантите.
Истражителите на ОЛАФ почнаа да ги испитуваат членовите на ФРОНТЕКС уште на почетокот на декември поради обвинувањата што доведе до тоа некои припадници да заминат од Агенцијата.
ОЛАФ исто така истражува и одбивање односно незаконски операции со цел да ги спречат мигрантите да пристигнат до брегот на ЕУ.
Веста за истрагатра ја потврдија и ОЛАФ и ФРОНТЕКС, но не открија детали.
ОЛАФ соопшти дека тоа што е покрената истрага не значи дека имало и нерегуларности.
Во октомври минатата година неколку медиуми, меѓу кои и германскиот весник Шпигел објави дека ФРОНТЕКС е вклучена во недозволени операции во водите помеѓу Грција и Турција и оти мигрантите биле принудени да заминат од територијалните води на ЕУ.