Околу илјада руски војници се уште се наоѓаат во Источна Украина и тие имаат голема количина опрема, соопшти извор од НАТО кој побарал анонимност.
Околу 20.000 руски војници се уште се натрупани по границата на Русија со Украина, додаде изворот.
Вчера украинскиот претседател Петро Порошенко изрази задоволство дека повеќето од руските војници ја напуштиле Украина.