Најмалку 384.000 лица останаа без вода поради сушите во централната кинеска провинција Хунан, соопштија локалните власти.
Сушата трае од почеток на јули и зафати 87 региони и 12 градови каде што стотина реки и 124 резервоари пресушија.
Властите обезбедија околу 11.300 танкери за наводнување, како и вода за пиење за околу 384.000 лица во Хунан.
Метеоролозите најавуваат дека сушата во тој дел на централна Кина ќе трае се до септември.
Елена Георгиевска