Околу 300 украински платеници кои се бореле против режимот во Сирија се вратиле во март и во април во земјата и сега учествуваат во операции на страната на украинските владини сили на југоистокот на Украина, изјавија извори во рускиот Генералштаб, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според тврдењата на тој неименуван претставник, украинските платеници, по враќањето од Сирија се приклучиле кон „батаљонот на радикалите од Десниот сектор“, во операција на владините сили на Украина против населението на југоисточните региони.
Истиот извор тврди дека голем дел од тие платеници се од западните региони на Украина, меѓу нив снајперисти и војници на специјалните сили, познати по својата суровост, наведуваат руски медиуми.