Деведесет и осум девојчиња во Централноафриканската Република (ЦАР) изјавиле дека биле жртви на сексуално насилство од страна на војници на мировната мисија на ОН во земјата, соопшти активистичка група со седиште во САД.
Три од нив биле врзани, соблечени и принудени да имаат сексуални односи со куче од страна на француски воен командант во 2014 година. Едно девојче било омаловажувано на истиот начин, но подоцна починало од непозната болест, покажуваат податоците од кампањата „Син код“ на невладината организација „Свет без СИДА“.
Во замена за услугите на кои биле подложни, девојчињата добивале финансиски надомест, тврди американската организација, која своите докази им ги предала на високи претставници на ОН.