Алон Охел кој има српско и израелско потекло, кој беше ослободен од заробеништво на Хамас утрово по две години и 5 дена, конечно е со своето семејство.
Црвениот крст го предаде Алон Охел на ИДФ, кои го транспортираа до базата Реим на границата со Газа.
По поминувањето низ контролниот пункт и медицинските прегледи, следеше долгоочекуваната средба на ослободените лица со нивните семејства.
На фотографијата е со неговите родители, брат и сестра.