Индиската полиција денеска официјално подигна обвиненија против пет мажи кои силувале млада жена. Инцидентот предизвика бран протести во државата.
– Поднесовме список со уапсени и докази за нивните криминални дела, изјави претставник од истрагата. Петмината обвинети може да бидат осудени на смрт. Тие не присуствуваа во судска сала кога локалните медиуми во Њу Делхи известуваа за официјалното подигнување обвиненија.
Против петте мажи поднесени се обвиненија за убиство, киднапирање, силување, грабеж и обид за уништување докази. Следното рочиште е на 5 јануари.