Одземен пратеничкиот мандат на адвокатот на Јулија Тимошенко

Од:

На адвокатот на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, Сергиј Власенко, укинат му е пратеничкиот имунитет и разрешен е од должноста пратеник.

Ова би можело да биде вовед во ново заострување на односите меѓу Западот и Украина. САД и Европската унија ги предупредуваа властите во Киев да не го прават таквиот чекор, но тоа сепак се случи.

Власенко е главниот адвокат на одбраната на Јулија Тимошенко и нејзин близок соработник. Тој ги обвини украинските власти дека подготвуваат негово апсење за да попречат во одбраната на Тимошенко, која е во затвор поради корупција.

Како причина за разрешување од должноста на Власенко како пратеник и губење на имунитетот, судот ја наведе неспоивост на функциите, односно дека тој немал право во исто време да биде и адвокат и пратеник. Власенко го отфрли тоа тврдење, изјавувајќи дека ја брани Тимошенко бесплатно и затоа не крши ниеден закон.

Во Украина е забрането вршење јавна функција напоредно со уште некоја друга работа за да се спречи судир на интереси, но забраната до сега многу селективно се применуваше.

Така АП наведува, дека украинската поп пејачка Таисија Повлија продолжила да настапува на концерти и откако е избрана за пратеник во Парламентот на Украина, на листата на владејачката Партијата, во регионот на Виктор Јанукович.

Партијата Татковина, на притворената Јулија Тимошенко, наведува дека, станува збор за уште еден владин притисок врз опозицијата. по налог на Претседателот на Украина Виктор Јанукович.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала