Московскиот градски суд го одложи разгледувањето на жалбата на трите членки на групата Пуси рајот, кои се осудени на две години затвор поради панк молитвата во храмот на Исус Спасител.
Судот излезе во пресрет на барањето на една од членките на групата, јекатерина Самуцевич да го раскине договорот со нејзиниот адвокат Виолета Волкова поради разидување во позициите.
Пред судот имаше зголемено полициско обезбедување, а неколку противници на групата „Пуси рајот“ но и нивни поддржувачи беа приведени.