Оџалан повика на повлекување на разоружаните Курди од Турција

Од:

Лидерот на турските Курди Абдула Оџалан ги повика своите борци разоружани да се повлечат од Турција, во рамки на мировниот процес за решавање на повеќедеценискиот курдски бунт.

Повлекувањето на разоружените борци на Курдската работничка партија (ПКК) на Оџалан од турска територија, како што бара турската Влада, би претставувало значаен чекор кон завршување на конфликтите меѓу Турција и припадниците на ПКК, во кои загинале повеќе од 40.000 луѓе.

Весник, близок до Владата, пишува дека Оџалан оваа порака вчера и ја упатил на една делегација на прокурдската Партија на мирот и демократијата, која го посетила во затвор на островот Имрали, кој се наоѓа јужно од Истанбул.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски