Одѕивот на гласачите во Луганск изнесувал 81 процент

Од:

Одѕивот на гласачите на вчерашниот референдум за независност во Луганската област, во источна Украина, изнесуваше 81 проценти и тој може да се смета за валиден, изјави висок претставник на организаторите на референдумот.

На прес-конференцијата по завршувањето на гласањето претседателот на Изборната комисија, Александар Малихин прецизираше дека првичните резултати од референдумот ќе бидат соопштени изутринава.

Референдум за независност вчера веше одржан и во Доњецката област. Над 89 проценти од учесниците во референдумот се изјасниле за отцепување на регионот од Украина, а избирачката активност изнесувала 75 отсто, изјави претседателот на Изборната комисија на т.н. Доњецка народна република, Роман Лјагин.

Двата референдуми се прогласени за незаконски од централните украински власти и од Западот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми