Десетици илјади Палестинци денеска во Газа ја одбележаа 13 годишнината од смртта на палестинскиот претседател Јасер Арафат.
Оваа прослава се одржува за првпат откако исламистичката организација Хамас ја презеде контролата над таа територија пред 10 години. Приврзаниците на Фатах, чиј што основач е Арафат на плоштад во Газа носеа постери со ликот на Арафат и марами околу главата.
Одбележувањето на смртта на Арафат следува по договорот помеѓу Фатах и Хамас со кои што ги надминаа несогласувањата.