Јапонски воен хеликоптер со 10 лица исчезна денеска во водите во близина на јужната префектура Окинава, соопшти крајбрежната стража и други извори.
Повеќенаменскиот хеликоптер УХ-60 на Јапонските копнени сили за самоодбрана (ГСДФ) исчезна од радарот околу 16:40 часот, на околу 18 километри северозападно од аеродромот на островот Мијако во префектурата Окинава, соопшти крајбрежната стража, пренесе Кјодо.
Крајбрежната стража испрати четири патролни чамци во блиските води за да го бараат хеликоптерот.
Патролните чамци ги опишаа временските услови како умерени кога пристигнале околу 18:10 часот.
Хеликоптерот бил сместен во кампот на ГСДФ Такаиубару во префектурата Кумамото во југозападна Јапонија и бил ангажиран во активности за надзор, изјави извор од Министерството за одбрана.
Во хеликоптерот имало двајца пилоти, двајца механичари и шест членови на екипажот, од кои сите се припадници на силите за самоодбрана, соопшти ГСДФ.