Од почетокот на кризата околу 500.000 Украинци заминале во Русија

Од:

Околу 500.000 Украинци заминале во Русија од „конфликтната зона“ во Украина од почетокот на кризата, а 20.000 побарале азил, изјави денеска заменик-директорот на руската Федерална служба за миграција, Анатолиј Кузнецов.

– Од почетокот на случувањата од зоната на конфликтот пристигнаа 481.000 луѓе, а моментно во пограничните реони со Украина се наоѓаат 414.000, истакна Кузнецов.

Тој нагласи дека во Русија има 359 пункта за времено згрижување на бегалци, од кои 204 се во близина на границата со Украина.

– Во нив има 16.000 украински граѓани, од кои 1.380 пристигнале во последните 24 часа, додаде Кузнецов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми