Од ожалостените во Британија побарано да не носат плишани мечиња или балони како знак на почит

Од:

Ожалостените во Велика Британија беа повикани да не оставаат мечиња, балони или запалени свеќи меѓу цвеќињата оставени во знак на почит кон покојната кралица, јави ДПА.

Службата за кралски парк соопшти дека нема да се прифаќаат подароци или предмети и треба да се носат само цвеќиња. Илјадници ожалостени положија цвеќе во близина на Бакингемската палата и замоците Виндзор и Балморал откако беше објавена смртта на кралицата во четвртокот. Меѓу предметите оставени во знак на почит беа плишани мечиња, меки играчки во облик на кучиња, балони и сендвичи со мармалад како асоцијација на скечот по повод платинестиот јубилеј на кралицата со мечето Падингтон.

Кралската канцеларија додаде дека не се дозволени свеќи во парковите и, доколку се најдат, тие ќе бидат изгаснати. Цвеќињата за почит ќе останат на место додека не се завршат сите свечени активности и се очекува да бидат отстранети од парковите седум до 14 дена по датумот на погребот на кралицата.

Во меѓувреме, ожалостените околу кралската летна резиденција во Шкотска се збогуваа со Елизабета Втора откако нејзиниот ковчег беше однесен од Балморал и, по шестчасовно патување, ќе биде изложен во катедралата Свети Џајлс во Единбург.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бакингемската палата ќе блокира „непристојни пријатели“

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Наум Локоски