Од 31. август прекин на огнот во Украина

Од:

Учесниците во Контакт-групата за решавање на кризата во источна Украина се согласија денеска дека е потребно од полноќ на 31 август да биде воведен прекин на огнот на неограничено време на „линијата на контактот” во Донбас.

Ова го соопшти Мартин Сајдик, специјален претставник на претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, пренесе ТАСС.

Тој истакна дека на денешната седница на Контакт-групата биле присутни претставници на самопрогласените Доњецка и Луханска република, кои се согласиле за примирје. Сајдик потсети дека и минатата година имал слична изјава дека претстои прекин на оган во источна Украина.

– За жал, помина една година и треба да го правиме тоа повторно – додаде тој.

Последен пат учесниците во Контакт-групата преговараа за целосен прекин на борбите во Донбас на седницата на 29 април годинава. Денешниот договор е веќе деветти од есента 2014 година, потсетува ТАСС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми