Обвинителите од Менхетен бараат одложување на судењето на Доналд Трамп

Од:

Окружното обвинителство во Мехнетно денеска побара од судијата да го одложи судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за 30 дена во врска со наводното прикривање на сексуални скандали за време и по претседателската кампања во 2016 година.

Обвинителите побараа одложување за да можат да ја разгледаат новата серија документи што ги добиле од федералните обвинители, пишува Њујорк Тајмс.

Потенцијалното одложување на судењето, кое треба да започне со избор на поротата на 25 март, би претставувало уште едно одложување на правната постапка против Трамп, по кривичното судење во Вашингтон, каде што тој е обвинет за заговор за поништување на изборите од 2020 година затоа што поранешниот претседател се жалеше до Врховниот суд.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп