Петмина мажи кои се обвинети за силување и убиство на 23-годишна студентка во декември во Њу Делхи в сабота и формално ќе бидат обвинети. Со тоа ќе бидат создадени услови за почеток на нивно судење, јавија локални медиуми.
Тој случај покрена протести на илјадници луѓе и жолчна јавна расправа за неуспех на полицијата и Владата да запрат насилства врз жени во Индија.
Строгата медиумска забрана за известување од судски процеси значи дека јавноста нема да биде во можност да дознае детали од судењето.
Студентката на 16 декември во индискиот главен град беше измачувана со метална шипка и силувана во автобус по што окрвавена е исфрлена на улица заедно со пријателот, кој исто така бил претепан. Таа почина две недели подоцна во болница во Сингапур. Обвинетите имаат меѓу 19 и 34 години.