ОБСЕ: Прекинот на огнот се почитува во Украина

Од:

Прекинот на огнот во Украина во голема мерка се одржува, но ситуацијата се уште е нестабилна, изјави висок претставник од ОБСЕ.

– Генерално, примирјето се почитува, но се уште е нестабилно, изјави Томас Гремингер, актуелен претседавач со ОБСЕ која има 250 набљудувачи во Украина.

Гремингер најави дека следните денови ќе бидат од пресудно значење за ситуацијата во Украина.

Украинските сили соопштија денеска дека проруски активисти отворале оган врз нив во текот на ноќта на пет локации на исток во Украина. Засега нема извештаи за жртви во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми