Обид за атентат врз премиерот на Јемен

Од:

Премиерот на Јемен Мухамад Салим Басиндауа преживеа обид за убиство, откако вооружени лица пукаа во неговата моторизирана придружба во Сана и избегаа, соопшти советникот на премиерот, Али ал Сарари.

Тој посочи дека некои од трите возила во моторизираната придружба се „изрешетани“ од куршуми, но никој не е повреден во синоќешниот напад, извршен кога Басиндауа се враќал дома после работа.

Ал Сарари додаде дека телохранителите на премиерот ги идентификувале регистарските таблички на автомобилот на напаѓачите и силите за безбедност сега се обидуваат да ги пронајдат.

Одредени медиуми пишуваат дека оваа изјава е конфузна, поради тоа што истиот советник претходни изјавил дека напаѓачите пристигнале со автомобил без регистарски таблички.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен