Обезглавено детско тело пронајдено во шпанско одморалиште

Од:

Телото на две или тригодишно дете е пронајдено во вторник наутро на песочна плажа во одморалиште во Шпанија, пренесува El Pais.

Шпанските медиуми јавуваат дека телото било обезглавено и пронајдено на плажата во одморалиштето Коста Дорада Рода де Бера во провинцијата Тарагона на источниот брег на Шпанија.

Медиумите јавуваат дека телото на детето е без глава, а наводно недостасуваат и други делови од телото.

Се претпоставува дека телото било исфрлено на брегот со вода бидејќи е во напредна фаза на распаѓање.

Градоначалничката Рода де Бера изјави дека можеби се работи за дете кое било на еден од чамците со мигранти што се преврте во Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски