Обама: Убијците ќе го видат „лицето на правдата“, Ромни: „Доцниш!“

Од:

Американскиот претседател Барак Обама во својот вчерашен говор на митингот во Лас Вегас, вети дека убијците на Американците во Либија, при што настрада и амбасадорот, ќе ги донесе пред „лицето на правдата“.

Тој најави дека наредил зголемување на безбедносните сили на сите американски амбасади ширум светот, по нападот.

Обама рече дека инцидентот нема да влијае на односите со либиската влада, туку напротив тие заедно ќе работат и ќе ги казнат виновниците.

Републиканецот Мит Ромни, предизвикувачот на Обама, го критикуваше одговорот на претседателот за кризата, велејќи дека иако „одредени поединци направиле напор да им наштетат на верските чувства на муслиманите“, сепак ОБама бил слаб и не реагирал на време, додека демонстрантите ги напаѓале американските преставништва.

Ромни, додаде дека е „срамно“ да се гледа како тој се извинува за американските вредности и слободата на говорот.

Обама му врати дека сакал да добие политички поени од најголемата трагедија што се се случи деновиве, а пак Ромни го обвини дека задоцнил за се, и дека имал тенеденција „да пука прв, а да погаѓа последен!“.

Според информациите до кои стигнале безбедносните служба, постои сомневање дека амбасадорот Кристофер Стивенс и другите Американци загинале при организиран напад, во кој била вкучена и Ал Каеда.

Напаѓачите користеле пушки, минофрлачи и гранати, а САД и официјалните либиски лица потврдија дека нападот можеби се планирал однапред.

Починатиот Стивенс (52) ја поминал својата кариера работејќи во опасна места. Тој е првиот американски амбасадор убиен во последните триесетина години, откако последен пат, во 1979 година беше убиен, специјалниот пратеник на САД во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Божиќен хаос во САД: „Американ ерлајнс“ денеска ги приземји сите свои авиони

Бил Клинтон ја напушти болницата со дијагноза на грип

Горан Наумовски

Трамп сака да ги заштити Американците од „насилни силувачи, убијци и чудовишта“

Горан Наумовски

Пијан возач влетал во трговски центар во САД и повредил пет лица

Стигна предупредување за Трамп: Иран може да направи нуклеарна бомба

Горан Наумовски

Кремљ: САД е непријателска земја за Русија

А1он