Претседателот на САД Барак Обама денеска ќе ја номинира Саманта Пауер за нов постојан претставник на земјата во Обединетите нации, соопшти Белата куќа.
Пауер е професор на Харвард, експерт по прашња за геноцид и поранешен советник на Обама во областа на човековите права.
Таа ќе ја замени на функцијата Сузан Рајс.
Претходно, беше соопштено дека Сузан Рајс ќе стане советник на претседателот на САД по прашања за национална безбедност. Таа ќе го замени на функцијата Том Донилсон, кој ќе продолжи да ги исполнува обврските до почетокот на јуни.
Се очекува рокадите во претседателската администрација да бидат денеска официјално објавени.