Обама и Путин се изјаснија за „политичка транзиција“ во Сирија

Од:

Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, се согласија дека е потребно што поскоро да запре насилството во Сирија и да дојде до „политичка транзиција“ во земјата, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се посочува дека Обама и Путин во телефонски разговор заклучиле дека и покрај нивните разлики за начините за решавање на сириската криза, сепак се согласиле дека треба заеднички да работат на надминување на проблемот.

Двајцата претседатели заклучиле дека треба што поскоро да се најде политичко решение со цел да се дојде до прекин на насилството и да се спречи натамошно влошување на состојбата во Сирија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад