НСА: Сериозно ги разгледуваме сите наводи за можни грешки

Од:

Директорот за надзор на американската Национална безбедносна агенција Џон Делонг изјави дека службата сериознo ги разгледува наводите за можни грешки откако Вашингтон пост пренесе дека НСА повеќе илјади пати прекршила правила за приватност или свои незаконски овластувања.

Во соопштение Делонг ги повикува граѓаните да пријават ако сметаат дека НСА постапувала незаконски и додаде дека секоjа пријава ќе се проверува и истражува.

Според нив, повеќе фактори може да предизвикаат грешки и нивно намалување или зголемување во одреден период.

– Причините може да се имплементација на нови процедури за работа, технолошки иновации или промена на софтвер, се додава во соопштението.

Весникот „Вашингтон пост“, претходно објави дека американската Национална агенција за безбедност НСА на големо ги прекршувала овластувањата за прислушување на американските граѓани и извршила илјадници прекршоци во кои прислушувала комуникации без соодветна дозвола.

Весникот дошол до интерен извештај за работата на НСА од мај 2012 година, во кои се наведени 2.776 случаи на прекршување на правилата на работа, само во изминатите 12 месеци. Се работи за неовластено собирање на информации, нивно чување или дистрибуирање. НСА заклучила дека повеќето од овие случаи се ненамерни, но има и случаи на прекршување на судски налог и злоупотреба на податоците собрани од над 3.000 американски државјани и жители.

Едно од сериозните обвинувања кои произлегоа од истражувачката сторија на „Вашингтон пост“ е дека агентите на НСА ги лажеле конгресмените задолжени да вршат надзор на работата на службата, така што криеле детали за работата на НСА и за прекршувањата на правилата поставени при прислушувањето.

Некои од случаите наведени во извештајот се комични. Така, на пример, во 2008 година Агенцијата сакала да прислушува телефонски разговори во Египет, каде националниот телефонски код е бројот 20, но по грешка, НСА пресретнала голем број разговори во главниот град на САД Вашингтон, каде локалниот телефонски код е 202. Други прекршувања на правилата идентификувани од НСА се однесуваат на случаи кога нечии телефонски разговори или електронски пораки биле пресретнати поради обична грешка во името.

Обвинувањата објавени во „Вашингтон пост“ доаѓаат во време кога НСА веќе е соочена со сериозни критики за нејзината работа, пред се за праксата масовно да собира и чува податоци за телефонските разговори кои се вршат во САД.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН