Полицијата во Њу Делхи уапси четворица мажи, откако се возеле низ градот со жена која според обвинувањата претходно ја киднапирале и силувале
-Кога автомобилот не запре на контролниот пункт, службениците алармираа до најблиското полициско возило, кое тргна по нив. Уапсени се откако се воспостави дека претходно силувале 24 годишна жена- рече помошник на полицискиот комесар Санјај Сехрават.
Според неговите зборови, жртвата која била однесена во болница на преглед, рекла дека еден од напаѓачите бил нејзин познаник од порано.
Во Индија во 2011 година регистрирани се 24.206 случаи на силување, но активистите за човекови права тврдат дека бројот на регистрирани силувања е само дел од вистинскиот, бидејќи голем дел од жените не ги пријавуваат случаите поради страв дека ќе бидат засрамени.