Новинарски организации и здруженија бараат да не се менува законот за медиуми во Романија

Од:

Организации за заштита на слободата на печатот денеска ги повикаа романските пратеници да го отфрлат предлогот со кој би му се дозволило на Парламентот да го разрешува генералниот директор на националната информативна агенција Аџерпрес, истакнувајќи дека тоа би и наштетило на политичката независност на агенцијата.

Писмото, потпишано од „Репортери без граници“, Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите, Романскиот центар за независно новинарство и други организации, е објавено во момент кога сенаторите се подготвуваат да гласаат за измените иницирани од членови на владејачката Социалдемократска партија.

– Без разлика на која партија и припаѓате, не ја уништувајте таа институција. Не гласајте за тој закон, се истакнува во писмото.

Во моментов генералниот директор на Аџерпрес има петгодишен мандат и од агенцијата, која е под контрола на Парламентот, се бара да биде политички непристрасна.

Според Европската федерација на новинари, мерката е „инструмент за политизирање на услугите на јавните медиуми“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски