Новинар: Aвтомобилот во Киев не го прегази руски, туку украински тенк

Од:

На социјалните мрежи вчера се прошири видео од тенк како гази цивилен автомобил во Киев. Сепак, еден новинар наведува дека не се работи за руски тенк, туку за украински.

Илија Лозовски, уредник на OCCRP – Проектот за известување за организиран криминал и корупција, на својот Твитер профил објави дека ги избришал сите ретвитови од тенкот што го згази автомобилот.

„Ги избришав сите ретвитови на кои се гледа како воено возило гази цивилен автомобил во Киев. Се чини дека се работи за украинско возило кое изгубило контрола. Сè уште нема извештаи за руски возила во Киев. Ова е уште еден добар потсетник да не се шири непроверена содржина. “, напиша Лозовски на Твитер.

Sky News само ја потврди автентичноста на снимката на која се гледа како воено возило во Киев поминува над цивилен автомобил. Инцидентот се случил на околу 10 километри северно од зградата на украинскиот парламент. Сеуште нема официјална потврда на која земја и припаѓа тенкот. Возачот на автомобилот преживеа.

Би можело да ве интересира

Зеленски му честиташе на Трамп

Севернокорејски војници се судрија со Украинците во Русија, пренесува Њујорк Тајмс

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев од различни правци со беспилотни летала, oштетени згради и далноводи

Катерина Ѓуровски

Украинците ги чекаат иборите во САД во страв дека Трамп ќе ги напушти

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски