Новие известија: Над 600 илегални имигранти пред депортирање од московски камп

Од:

Над 600 луѓе воглавно Виетнамци, се згрижени една недела во нов депортациски камп за илегални имигранти во Москва, објави Новие известија.

Шатори се подигнати во близина на шивачка фабрика во близина на местото каде работеле Виетнамците и во секој шатор има по најмалку по 20 кревети. За нив е предвиден оброк трипати дневно, но ги хранат само двапати, додава весникот.

– Над 90 отсто од луѓето во тој камп се виетнамски граѓани. Има еден од Авганистан, еден Киргистанец, двајца Сиријци неколкумина од Таџикистан и Узбекистан, вели Евгениј Бобров, претседател на московската комисија за имиграциска политика и заштита на човекови права.

– Во кампот не се почитуваат човековите права, тврди Владимир Осечкин, претставник од невладина организација за заштита на човекови права.

Според него, полицијата се однесува кон имигрантите „исклучително сурово“.

Според весникот, во кампот недостига вода за пиење и основни средства за хигиена.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски