Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистиран денеска во Мексико, а два часа претходно земјотрес со јачина од 5,8 степени беше регистриран во Тихиот Океан во близина на Мексико
Првиот земјотрес, како што соопшти Американскиот геолошки институт, бил на длабочина од 74 километри под океанското дно, со епицентар на 48 километри југозападно од мексиканскиот град Паредон, додека вториот бил на длабочина од 40 километри и 19 километри северо-источно од Матијас Ромеро.
Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.
Централниот дел на Мексико во вторникот го погоди земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала, при кој, според последните податоци загинаа 272 лица.