Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Истанбул и Анкара

Од:

Турската полиција изминатата ноќ повторно употреби солзавец и водени топови за разбивање на антивладините протести во Истанбул и Анкара, јавија турските медиуми.

Според истите извори, полицијата интервенирала откако демонстрантите се оглушиле на полициските повици да се разотидат.

Демонстрантите во Анкара се обиделе да се пробијат до зградата на турската Влада, додека во Истанбул тие сакале да дојдат до канцеларијата на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган сместена во дворецот Долмабахче Сарај.

Од друга страна, турската државна агенција Анадолија јави дека припадниците на специјалните полициски сили во Истанбул им делеле каранфили на демонстрантите, кои „започнаа протести против градежните работи во истанбулскиот парк Гези“.

Во Анкара пак, според Анадолија, демонстрантите „им пришле на полицајците, но овој пат не носеле камења или пиротехнички средства, туку наместо тоа им подариле каранфили“.

– По ова, демонстратните разговарале со полициајците, кои им дозволиле фотографирање покрај оклопните возија, се наведува во извештајот.

Анадолија тврди дека состојбата на полштадот Таксим, каде се наоѓа паркот Гези, минатата ноќ била мирна, а демонстрантите „се забавувале со песни и танци“.

– Протестите меѓутоа не ги одбележа само насилтво, пароли, транспаренти или знамиња. Една група млади луѓе во градот Кајсери на демонстрантите им делеа каранфили и ги повикуваа да протестираат мирно без да наседнуваат на повиците на вандалите за предизвикување нереди. Една група млади луѓе се собраа на плоштадот Таксим, кој полицијата во целост им го препушти на демонстрантите, каде вежбаат јога. Снимките на веселите граѓани набрзо ги заменија сликите на чад, пламен и насилство, се наведува во извештајот на Анадолија.

Турските власти синоќа оценија дека по нивните апели до граѓаните „да се дистанцираат од екстремистичките, маргинални и насилни групи“, насилството и вандализмот се во фаза на опаѓање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски