Индиската полиција уапси маж што се обидел да силува 22-годишна девојка во нејзиниот дом во Њу Делхи, соопштија денеска локалните власти.
– Осомничениот во понеделникот вечер се обидел да ја силува девојката, а кога таа му се спротивставила и ставил железна шипка во устата, изјави полицискиот службеник Аџај Чаудри, кој работи на овој случај.
Жртвата е оперирана и се наоѓа во ставилна состојба, но има сериозни повреди во усната шуплина и модрици по целото тели, истакна полицискиот инспектор.
Во соопштението на полицијата се наведува дека осомичениот лажно се претставил како инкасатор за потрошена електрична енергија, а кога се уверил дека е сама се обидел да ја силува.
Според медиумите, ова не е изолиран случај бидејќи во северната држава Утарканд група извршила силување на 22-годишна девојка. Девојката била силувана од тројца мажи на една роденденска забава откако и ставиле дрига во пијалокот.