Фармацевтскиот гигант Новавакс поднесе барање за одобрување на неговата вакцина против коронавирус во ЕУ, а одлуката може да биде донесена „во рок од неколку недели“, соопшти денеска европскиот регулатор за лекови.
Доколку биде одобрена, тоа ќе биде петта вакцина одобрена за употреба во ЕУ – останатите четири се произведени од Бионтех/Фајзер, Астра Зенека, Модерна и Џонсон и Џонсон.
Евалуацијата на вакцината, која е достапна под трговското име Нуваксовид, ќе се изврши „што е можно поскоро“, соопшти Европската агенција за лекови.
Мислењето за одобрението за ставање во промет може да се издаде во рок од неколку недели, „доколку дадените податоци се доволно веродостојни и целосни за да ја покажат ефикасноста, безбедноста и квалитетот на вакцината“, соопшти органот за контрола на лекови.
– Доколку ЕМА заклучи дека придобивките од Нуваксовид ги надминуваат ризиците од заштитата од Ковид-19, ќе препорача издавање условно одобрение за ставање во промет, велат од агенцијата.