Бројот на жртви во судирот при протестите кои што овие две недели се случуваат во Турција се искачи на пет, откако повредениот демонстрант почина.
Етер Сарисулук (26), кој со денови беше поврзан на апарати, денеска почина, изјави неговиот адвокат Сема Аксој.
Починатиот бил погоден во глава, при протестите во Анкара, на 1-ви јуни.
Демонстрантите и понатаму се собираат во истамбулскиот парк Гези, недалеку од плоштадот Таксим и покрај тоа што владата вчера предложи да се одржи референдум за планови и средување на Истанбул.
Елена Георгиевска