Нова средба за кризата во Сирија во Виена

Од:

Во Виена вечерва ќе започне нова меѓунардона средба посветена на начините за надминување на кризата во Сирија.

Средбата ќе започне со разговори на шефовите на дипломатиите на САД, Русија, Саудиска Арабија и Турција, на кои на утрешното продлжение на заседанието ќе им се приклучат и нивните колеги од уште десетина европски и блискоисточни држави, меѓу кои и Иран.

Пред денешната средбан Русија изрази очекување дека овие разговори ќе помогнат за отпочнување на дијалог меѓу власта и бунтовнииците во Сирија, со цел да се најде политичко решение за конфликтот во земјата. 

Сепак, според аналитичарите, засега шансите за постигнување договор се многу мали, имајќи го пред вид и денешното соопштение на сириската опозиција во егзиз во кое категорчно се отфрла секаква можност за останување на власт на претседателот на Сирија, Башар ел Асад во текот на политичката транзиција.

Пред почетокот на вечерашната средба најавени се билатерални разговори на американскиот државен секретар Џон Кери со неговите колеги од Русија и Иран, Сергеј Лавров и Мохамад Џавад Зариф.

ТАСС јави дека вечерва ќе се одрижи и билатерна средба меѓу Лавров и Зариф, а за утре се предвидени и билатрелни разговори на шефот на руската дипломатија со неговиот египетски колега Семех Шукри.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски