Нов Зеланд останува во локдаун, расте бројот на новозаболени со Ковид-19

Од:

Нов Зеланд ќе го продолжи локдаунот на национално ниво за уште четири дена во битката со Ковид-19.

Земјата денеска соопшти за 35 нови случаи на Ковид-19 пренесени во заедницата, со што кластерот откриен во Окленд достигна вкупно 107 лица.

Нов Зеланд беше ставен во тежок карантин во рок од само неколку часа откако во вторникот беше откриен еден случај, а веднаш се затворија сите училишта и несуштински бизниси.

Премиерката Jacинда Ардерн изјави дека земјата има „ уште за изодување“ и официјалните претставници преземаат претпазлив пристап кон олеснување на ограничувањата.

-Ни требаат повеќе информации. Не сакаме да ризикуваме со Делта сојот. Ако светот не научи на нешто, тоа е дека треба да бидеме претпазливи со оваа варијанта, рече Ардерн.

Целата земја ќе остане во локдаун барем до сабота. Оукленд, најголемиот град во земјата и местото каде се наоѓаат повеќето случаи, ќе остане под карантин најмалку до 31 август.

-Се уште не веруваме дека го достигнавме врвот на оваа појава, рече Ардерн.

Тоа е прво заклучување на национално ниво во Нов Зеланд од март 2020 година, кога целата земја шест недели имаше воведено највисоко ниво на ограничувања.

Нов Зеланд, земјата со пет милиони жители, од почетокот на пандемијата досега има пријавено околу 2.700 случаи на Ковид-19 и 26 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Премиерката на Нов Зеланд е позитивна на Ковид-19

Нов Зеланд целосно ги отвора границите на 31. јули

Строгите рестриктивни мерки во Оукленд остануваат во сила уште две недели

Катерина Ѓуровски

Нов Зеланд ги укинува ограничувањата