Нов терористички напад во Дамаск: Автомобил-бомба во близина на полицијата

Од:

Сириските државни медиуми потврдија дека автомобил-бомба експлодира пред зградата на седиштето на полицијата во главниот град Дамаск. Според прелиминарните информации, едно лице е убиено, пренесува RT.

Сведоците велат дека се слушнала силна експлозија, а набргу потоа и пукотници по експлозијата. Сириски официјален претставник изјави дека се работи за автомобил-бомба во областа на градската четврт Фахамех, во близина на седиштето на полицијата. Исто така укажува дека експлозијата ги оштетила околните згради и автомобили.

Дамаск и Алепо станаа од неодамна поприште на терористички напади со автомобили бомби неколку дена порано силна експлозија во центарот на Алепо однесе 40-ина животи.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад